
Познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал пристигнаа во Париз на премиерата на филмот „Џеј Кели“, каде што убавата адвокатка го украде вниманието со својот смел моден избор.
Амал изненади многумина избирајќи кратко мини здолниште украсено со светки, кое го искомбинира со подолга кожна струкирана јакна и црни чизми со високи потпетици. Нејзините витки нозе беа во преден план, а лежерното, но секси издание ја „запали“ атмосферата и предизвика лавина коментари за нејзиниот совршен изглед.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден

Џорџ како телохранител
Холивудскиот заводник, кој носеше класично одело и очила за сонце, не заостануваше со стилот, но мораше да преземе и улога на заштитник. Поради огромниот интерес на папараците кои ги опседнаа, Клуни мораше да реагира и да ѝ помогне на Амал безбедно да стигне до автомобилот. Ова заедничко појавување доаѓа по гласините кои кружеа откако Џорџ се појави сам на претходната премиера во Лос Анџелес.


