во ,

„Брисел држи лекции, а се дави во криминал“: Орбан жестоко удри по ЕУ по апсењето на Могерини

Орбан со жестока критика до Брисел по апсењето на Могерини: „ЕУ се дави во корупција, а нам ни држи лекции по морал!“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја искористи неодамнешната истрага и апсењата на високи европски функционери за да упати остар напад врз кредибилитетот на Европската Унија. Коментирајќи ја акцијата на белгиската полиција и Европското јавно обвинителство (ЕППО) против поранешната шефица на дипломатијата Федерика Могерини и други високи службеници, Орбан на социјалната мрежа „Икс“ напиша: „ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, институциите се тресат од скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал“. Тој го обвини раководството на Унијата за лицемерие, истакнувајќи дека додека тие се занимаваат со криминал, вршат притисок врз суверените земји членки.

Скандалот со Дипломатската академија и обвинувањата за Украина

Супер Попуст -25%

Реакцијата на Орбан доаѓа откако ЕППО отвори истрага за тоа дали доверливи критериуми за тендерот на ЕУ Дипломатската академија (доделен на Колеџот на Европа во Бриж) биле незаконски споделени однапред, што фрла дамка врз транспарентноста на европските фондови. Орбан направи паралела и со ситуацијата во Украина, додавајќи дека „корупцијата во Киев треба јавно да биде посочена од ЕУ“, но наместо тоа, според него, Брисел и Киев се штитат меѓусебно за да ја сокријат вистината од европските граѓани.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Опасност во теретана: 14 лица се заразија со легионерска болест преку тушевите и базените во Флорида

Аларм на границата со НАТО: Полска ги подигна ловците додека руски ракети паѓаа врз западна Украина!