
Барање извинување и обвинувања за антимакедонска матрица
Од партијата истакнуваат дека СДСМ со денови ја манипулирала јавноста, организирајќи неправедна хајка против луѓе и уметници. „Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека на опозицијата ѝ пречи сè што создава чувство на национална гордост и припадност кон Македонија. Владејачката партија смета дека политиката на СДСМ континуирано се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех се омаловажува, а прославите се претвораат во скандали.
„Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.“
Лицемерие, турбо-фолк и политичка конфузија
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Соопштението директно го таргетира Венко Филипче, нарекувајќи го неговото однесување исклучително лицемерно поради променливите ставови. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека тој во еден момент измислува борба против некаква „српска свест“, додека во друг момент застанува во отворена одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство на политичката сцена.
Оваа политика, според владејачката партија, не се базира на принципи, туку исклучиво на политичка корист, конфузија, двојни стандарди и немоќ. Враќајќи се на реториката за „талогот“, од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Филипче сам се препознал во тој термин, заклучувајќи дека „политиката на лаги, конструкции и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место, а талогот секогаш останува на дното.“


