
Барање за извинување и крај на измислените афери
Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата со денови манипулирала со јавноста и преку своите контролирани пера организирала неправедна хајка против луѓе и уметници. „Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат“, порачуваат од владејачката партија. Тие додаваат дека оваа измислена афера открила многу поголем проблем во редовите на опозицијата.
„На Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.“
Антимакедонска матрица и двојни стандарди
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека политиката на опозицијата рапидно се претвора во „антимакедонска матрица“, каде секој национален успех се омаловажува, а прославите намерно се претвораат во скандали. Особени критики се упатени кон лицемерието на Филипче, кој, според партијата, во едната половина од денот измислува борба против некаква „српска свест“, а во другата половина застанува во отворена одбрана на турбо-фолкот.
Владејачката партија смета дека ваквото однесување не се базира на принципи, туку на политичка корист, конфузија и немоќ. Осврнувајќи се на реториката за „талогот“, од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека Филипче толку лесно се препознал во тој термин токму поради сопствената политика на лаги и конструкции, потенцирајќи дека фактите победиле, а талогот секогаш останува на дното.


