во

ВМРО-ДПМНЕ СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА: „Филипче свесно ги постави модуларните болници покрај сите институционални забрани!“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања во врска со поставувањето на модуларните болници за време на ковид-кризата, тврдејќи дека тогашниот министер Венко Филипче свесно ги игнорирал сите законски, технички и институционални пречки за да ги постави објектите.

Според партијата, модуларните болници биле поставени спротивно на низа предупредувања. Поконкретно за трагичниот случај во Тетово, каде во пожар загинаа 14 лица, тогашниот економски директор Артан Етеми до последен момент одбивал да ја прими болницата во употреба, за подоцна да биде осуден на затворска казна. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Катастарот одбивал да ги запише објектите бидејќи биле набавени како обични стоки и немало извештај од надзор, а со сомнежи се огласила и Светската банка.

Институционални предупредувања и кршење на законите

Супер Попуст -25%

Ниту општините, ниту Министерството за транспорт и врски не можеле да издадат соодветни одобренија бидејќи целосно биле прекршени одредбите од Законот за градење. И покрај тоа што сите стручни лица и институции се противеле и предупредувале на опасностите, Филипче сепак пресекол болниците да бидат поставени.

„Сите институционални и стручни предупредувања беа тука. Сите се противеле, но Филипче сè уште одлучи модуларните болници да бидат поставени. Предметот со години стоеше во фиока за на крај Филипче да биде спасен од кривична одговорност.“

Обвинувања кон правосудството и Ислам Абази

Од владејачката партија истакнуваат дека ваквите судски епилози се јасен доказ за начинот на кој функционираат поранешните партиски инсталации во правосудниот систем. Тие тврдат дека шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, пред своето заминување само ја доработувал задачата за која бил поставен во времето на СДС и ДУИ, служејќи им на политичките моќници до последен момент.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИРАН НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ТРАМП: „Целосно сме подготвени за американските санкции!“

ХЕГСЕТ СО ОСТРА ПОРАКА: САД не ја исклучуваат употребата на воена сила против Иран!