
Дневна прогноза: Пообилни врнежи во југоистокот
Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено во споредба со изминатите денови. Се очекуваат повремени локални врнежи од дожд низ целата држава, кои ќе бидат поинтензивни и пообилни во југоисточните региони.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Поради продор на студена воздушна маса од север, врнежите на одредени повисоки планини ќе преминат во повремен снег. Дневните температури ќе се движат во следниот интервал:
- Минимална температура: од 7 до 13 степени.
- Максимална температура: од 10 до 16 степени.
Студено во Скопје и силен ветер до крајот на неделата
Во главниот град Скопје времето ќе биде облачно и постудено, проследено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Скопје ќе се движи од минимални 11 до максимални 14 степени.
Слични временски прилики, променливо облачно и постудено, ќе преовладуваат во текот на целата работна седмица.
Синоптичарите особено го истакнуваат петок, кога се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините. Овој бран ќе биде придружен со засилен северен ветер, чија брзина на места ќе надминува 60 километри на час.


