
Кога температурите се високи, ретко кој сака долго да стои покрај шпоретот. Токму затоа овие солени мафини од тиквички се одличен избор за појадок, вечера или практичен оброк за на работа.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Се подготвуваат брзо, не бараат комплицирани состојки и можат да се јадат топли или ладни. Бидејќи не содржат брашно, претставуваат полесна варијанта од класичните мафини.
Состојки за солени мафини од тиквички
- 4 тиквички
- 4 јајца
- малку масло
- 20 листови шунка
- 1 и пол главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 црвени пиперки
- 250 грама кашкавал
- нане по вкус
- 2 лажички прашок за печиво
- сол и црн пипер по вкус
Како се подготвуваат мафините?
Тиквичките добро измијте ги, по желба излупете ги и ситно изрендајте ги. Ставете ги врз хартиена крпа и оставете ги неколку минути за да ја испуштат вишокот течност.
Во меѓувреме, ситно исечкајте ги кромидот, лукот и црвените пиперки. Кратко пропржете ги на малку масло додека не омекнат, а потоа оставете ги да се изладат.
Исцедете ги тиквичките со раце и ставете ги во поголем сад. Додајте ги исечканата шунка, изренданиот кашкавал, изматените јајца, нането и прашокот за печиво.
Додајте го и изладениот зеленчук, зачинете со сол и црн пипер и добро измешајте. Смесата распоредете ја во калап за мафини обложен со хартиени корпички.
Печење на 200 степени
Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, односно додека не добијат нежна златна боја.
Може да ги послужите веднаш по печењето, но подеднакво се вкусни и ладни. Лесно се пакуваат за работа, патување или излет.
Во фрижидер може да се чуваат неколку дена. По желба послужете ги со јогурт, кисело млеко или свежа салата.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








