во ,

Денеска пеколни 37 степени, утре пресврт со пороен дожд и грмежи

Македонија денеска ќе биде под влијание на сончево и многу топло време, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Температури до 37 степени

Супер Попуст -25%

Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје до 36 степени

Во главниот град се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура во Скопје ќе биде околу 14 степени, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Утре можна нестабилност

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи претежно стабилното и топло време, со умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност. На одделни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Омекнувачот убаво мириса, но тивко ги уништува крпите: Еве што да користите наместо него

Рафинериите горат, Русите чекаат со часови: Бензинската криза се шири низ земјата