во

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО ВО ЦАРИНА: Удрил полицаец со автомобилот и ги фрлил парите низ прозорец при обид за бегство!

Министерството за внатрешни работи излезе со шокантни детали за апсењето на помошник-директорот во Царинската управа, кој беше фатен со поткуп од 17.500 евра. При акцијата за негово приведување на автопатот А4 на релација Скопје-Тетово, 63-годишниот Џ.И. се обидел да избега, при што со своето возило удрил полициски службеник и оштетил службено возило.

Филмска потера кај Желино и фрлени пари низ прозорец

Акцијата се одвивала на 10 септември, кога полициски службеници под раководство на јавен обвинител се обиделе да го сопрат осомничениот во близина на клучката Желино. Наместо да застане, функционерот дал гас, удрил полицаец и полициско возило, и се дал во бегство. Во паниката, преку прозорецот од совозачката страна исфрлил машка ташна во која се наоѓале обележаните пари. По кратко време, полицијата успеала да го пресретне возилото и да го лиши од слобода.

Рекетирање за тендери и јавни набавки

Супер Попуст -25%

Според информациите од МВР, во периодот од април до септември 2026 година, пријавениот во повеќе наврати ги барал парите од граѓанин кој на крајот го пријавил случајот. Од вкупниот износ од 17.500 евра, првите 7.500 евра биле наменети за веќе склучен договор за јавна набавка. „Целта, според пријавата, била договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување“, појаснуваат од полицијата.

„Дополнително, тој побарал уште 10.000 евра за да го искористи своето реално влијание во постапка за јавна набавка која се наоѓала пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, со намера по враќањето на постапката на повторно одлучување во Царинската управа да влијае врз изменување на критериумите во техничката спецификација во корист на правното лице.“

Против 63-годишниот Џ.И. од тетовска Шипковица веќе е поднесена кривична пријава од страна на Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал за „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, а случајот е предаден на надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПУТИН ОД ЊУ ДЕЛХИ: „Системските грешки“ на западните елити се виновни за подемот на АфД во Германија

КРИЗА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Погоден клучниот саудиски нафтовод, Хутите го контролираат влезот во Црвеното Море