
Нови детали за „грабежот на векот“: Од Лувр украдени дијаманти вредни 88 милиони евра за помалку од 4 минути
Француската полиција откри шокантни податоци за спектакуларниот грабеж што се случи во музејот Лувр. Истрагата покажа дека исчезнале повеќе од 8.000 дијаманти, 200 бисери, како и десетици сафири и смарагди, чија вкупна вредност се проценува на вртоглави 88 милиони евра. Акцијата била изведена филмски – крадците влегле во познатата „Галерија Аполон“ во 09:24 часот наутро, користејќи брусалица за да го скршат прозорецот.
Крадците уапсени преку ДНК, но од богатството нема ни трага
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Целиот грабеж траел помалку од четири минути. Осомничените побегнале со скутери, оставајќи зад себе камион кој се обиделе да го запалат. Сепак, полицијата успеала да идентификува и уапси четворица мажи на возраст меѓу 30 и 40 години благодарение на ДНК траги пронајдени на опремата. Иако сторителите се зад решетки, украдениот накит сè уште не е пронајден и истражителите стравуваат дека скапоцените камења се веќе препродадени или демонтирани.


