во , ,

Дизни принцези одат да психотерапија – еве што би им викал психологот!

Илустраторката од Венецуела, Мариа Гуадарама, е позната на Инстаграм по своите смешни илустрации и куси, хумористични стрипови.

Таа на многу проблеми од секојдневието, низ илустрациите им пристапува на хумористичен начин. Нејзиниот најнов серијал е подигнување на свеста за менталното здравје, па така, таа овој пат ги носи популарните Дизни принцези на психотерапевт (што, инаку, е розова жирафа). Што им вика психологот на нашите омилени Дизни принцези според Мариа, погледнете подоле.

1. Ариел: Значи, си го промени цел идентитет само за да одговараш на неговиот свет?

2. Снежана: Замина да живееш со 7 мажи кои не ги познаваш, и беше отруена од храна што ти ја даде непозната жена. Навистина сум импресиониран од твојот капацитет да веруваш на луѓе.

Реклама

3. Златокоса: 18 години заробена во кула? Сигурно карантинот не ти беше никаков проблем во споредба со тоа.

4. Елса: Дали навистина го пушти?

5. Елса 2: Еј, навистина си го пуштила!

6. Пепелашка: Добро, танцувавте неколку саати на забава и сега мислиш дека е љубовта на твојот живот. Ајде да разговараме за тоа.

7. Убавицата: Не е важно колку книги ти подарил, тоа е сепак човекот кој те зароби!

8. Аурора: Ајде да разговараме за соглаување додека си несвесна.

9. Јасмин: Ликот те лажел цело време и сепак ќе се омажиш со него?

10. Мулан: Значи, ја спаси цела Кина за одобрението на татко ти.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добре, последно прашање, многу лесно, да ви пишам 6-ка да не ве гледам повеќе: Кој ја открил Америка?

Чудесен остров – португалски рај во кој никој од жителите не ги заклучува своите автомобили и домови