во , ,

Чудесен остров – португалски рај во кој никој од жителите не ги заклучува своите автомобили и домови

Најмлад меѓу Азорските острови, Пику е остров кој што ги привлекува планинарите, вљубениците во виното, како и сите оние кои што сакаат да ги истражат необичните дестинации.

Еден од деветте вулкански острови, оддалечен околу 1.500 километри од матичната земја, Португалија.

Азорските острови, односно Азорите сместени се сред Атлантскиот океан и ја покренуваат фантазијата кај луѓето, не само со својот изглед туку и со легендите кои што ги има многу, а се поврзани со нив, а една од нив зборува дека токму тие острови се остатоци од мистичната Атлантида.

Реклама

Многубројни плажи со црн песок, чиста вода и големи бранови и вулканско тло, ги привлекуваат туристите.

На островот Пику се наоѓа и највисоката португалска планина која што се издигнува до висина од 2.351 метри.

Во споредба со останатите острови, Пику е „дете“.

Стар е 300 илјади години, што е малку во споредба со неговите „постари браќа“ кои што бројат милиони години.

Вулканското тло е нераскинливо од островот, а во таквиот необичен крај живеат срдечни луѓе кои што често не ги заклучуваат своите автомобили, а ниту домови затоа што кој крадец би можел да стигне таму?

На тамошниот втор остров по големина живеат дури 15 илјади луѓе кои што најчесто се занимаваат со туризам. Таму има над 10 ресторани, а домашната кујна е прекрасна и најчесто јадат сочна и домашна туна која што карактеристично е да се консумира со лажица.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизни принцези одат да психотерапија – еве што би им викал психологот!

14 Смешни фотографии направени во вистинскиот миг