во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 ОКТОМВРИ: Лавот е прилагодлив, Рибите матно расположени, а Овенот нека се пази од грешки

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

И самите сте свесни дека во брзање е можно да се направат грешки, а овој ден изгледа како создаден за нив. Знам дека брзате да завршите сè, но барем проверете двапати дали она што сте го сработиле е добро и исправно. Нема да имате ни малку време за саканата личност.

♉

Бик

Тешко ви е да се усогласите со луѓето со кои се среќавате деловно. Ниту вие, ниту тие немате разбирање за пропустите на другата страна и овој ден ќе биде напорен за вас. Лошо сте расположени бидејќи моментално не гледате перспектива во односот во кој сте.

♊

Близнаци

Колку и да се трудите, денес ќе направите некој пропуст во работата. Надредените лица нема да забележат, но тоа ќе им падне во очи на вашите деловни партнери. Ако можете, избегнете го ова. Премногу сте окупирани со некои маани на партнерот, па дури и не можете да забележите колку се труди околу вас.

♋

Рак

Денес сте во вистинска смисла на зборот – ситничави. Ништо нема да ви биде по волја, и сигурна сум дека ќе најдете сто маани и на себе, но и на луѓето со кои доаѓате во контакт. Грешите во контактот со саканата личност. Зборувате само за негативности и не дозволувате ситуацијата да се смири.

♌

Лав

Денес имате способности да им се прилагодите на соработниците и со нив да најдете заеднички јазик. Една комуникација многу ви значи и подготвени сте да се потрудите околу неа. Со емотивниот партнер однос полн со почит еден кон друг.

♍

Девица

Целосно сте заборавиле на некоја своја обврска или на ветување. Кога кон средината на денот ќе го сфатите тоа, буквално ќе се скршите од работа за да завршите сè навреме. Се обидувате да го поправите впечатокот кај една личност за која сте заинтересирани. Ви се чини дека никогаш нема да ја освоите.

♎

Вага

Загрижени сте како некои ваши пропусти ќе се одразат на вашите позиции. Со напнатост чекате информации и се надевате на најдоброто. Напнатоста помеѓу вас и саканата личност е опиплива. Некои работи и однесувања морате да ги менувате двајцата, и тоа што побрзо.

♏

Шкорпија

Еден деловен соработник од кој многу очекувате е неактивен. Никако од него да добиете информации за да знаете што треба да правите следно. Свесни сте дека има проблеми, но моментално не можете да му помогнете. Поправете го денес односот со некој кој ви е важен.

♐

Стрелец

Онака како што вие не сакате некој друг да ви соли памет, така ниту вие немојте да се поставувате кон луѓето со кои доаѓате во контакт. Паметни сте, но не сте го собрале баш сиот памет на овој свет. Се дистанцирате од една личност, но таа никако да го сфати тоа.

♑

Јарец

Некои полоши ситуации помеѓу вас и деловните соработници. Не држете се тврдоглаво до своите предубедувања. Посветете повеќе внимание на ситните обврски кои ги занемарувате. Дистанцата помеѓу вас и саканата личност е евидентна. Морате да направите нешто по ова прашање.

♒

Водолија

Денес го сведувате билансот на една работа или деловен проект и не сте задоволни од резултатот. Сметате дека не сте биле доволно активни и се каете поради пропуштеното. Дозволете ѝ на саканата личност да ви го поправи расположението. Потребно ви е нејзиното присуство.

♓

Риби

Некое матно расположение ве држи и наместо да се посветите на работата, вие губите време на небитни ситници. Немате енергија и сè што ќе почнете да работите, само површно ќе го одработувате и одолговлекувате. Интензивни, просто нестварни моменти во контактот со саканата личност.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Големи температурни амплитуди: Студено утринско време под нулата и пријатни попладневни температури до 28 степени

Старвински рецепт за душа: Како да го подготвите традиционалниот црвиш со пилешко месо и ароматичен бел лук?