
Дожд, силен југоисточен ветер и нестабилни врнежи ја креваат динамиката на времето денес, со поинтензивни услови попладне и во текот на ноќта.
Времето ќе биде променливо облачно, а попладне и ноќе се очекуваат врнежи од дожд. Наместа дождот ќе биде пообилен и може да надмине 20 л/м². Ќе дува засилен, повремено силен југоисточен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 12 до 16 степени.
Скопје со дожд попладне и ноќе, ветерот ќе се засили
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Викендот носи пообилни врнежи, а од понеделник следи заладување
Утре попладне, во текот на ноќта и во недела се очекуваат врнежи што повремено ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 л/м². На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег, со можност за пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник ноќе и во вторник се најавува заладување со нови пообилни врнежи, додека стабилизирање се очекува од средината на следната седмица.


