
На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, а за излез од Македонија се чека околу два часа, информира Автомото сојузот на Македонија.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, додека возењето низ земјава се одвива непречено и по претежно суви коловози.
Половина час чекање на Табановце
На граничниот премин Табановце, патниците што влегуваат во Македонија чекаат околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
Зголемена опасност од одрони
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Како почувствителни делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


