во ,

ЕРДОГАН СО ОСТРА ПОРАКА: Регионoт е пред спирала од насилство

Таип Ердоган предупреди дека без итна дипломатија регионот може да влезе во опасна спирала од насилство

Во говор во Истанбул, турскиот претседател оцени дека нападите врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на народот. Истовремено, тој ги нарече неприфатливи и нападите врз земјите од Заливот, нагласувајќи дека ескалацијата нема да донесе решение.

Повик за итен прекин на огнот

Супер Попуст -25%

Ердоган повика на итна акција за спречување понатамошно крвопролевање и најави дека Анкара ќе ги интензивира дипломатските контакти. Турција, како членка на НАТО и сосед на Иран, според него, ќе продолжи да посредува меѓу страните.

Анкара веќе е во комуникација со двете страни со цел деескалација, инсистирајќи спорот да се решава преку разговори и политички процес.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕОБИЧЕН МОМЕНТ ПРЕД УДАРИТЕ: Трамп танцува во Мар-а-Лаго

ДРОН УДРИ ВО ДУБАИ: Евакуација на меѓународниот аеродром