
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се движат од 32 до 39 степени.
Попладне можна краткотрајна нестабилност
Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност. На одредени места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Станува збор за локални појави, додека во поголемиот дел од денот ќе преовладува сончево и многу топло време.
Во Скопје температура до 38 степени
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
Попладне и во главниот град ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.


