
Зеленски со искрена исповед од Даблин: „Оптимист сум за САД, но се плашам дека ќе им здодее да преговараат“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер во Даблин, изрази поделени чувства во однос на американската вклученост во мировниот процес. Иако го поздрави „конструктивниот интерес“ и брзината со која администрацијата на Трамп пристапува кон проблемот, тој отворено призна дека стравува од можноста Вашингтон да го загуби интересот доколку процесот се одолговлекува или заглави. „Да, се плашам. Ако некој од нашите сојузници се замори…“, рече Зеленски, предупредувајќи дека токму тоа е стратешката цел на Кремљ – да го исцрпи трпението на Америка и да ја повлече од дипломатската равенка за да остане сама со Европа.
Се чекаат вести од Кремљ: Виткоф и Кушнер му го претставија ревидираниот план на Путин
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Во моментов, очите на Киев се вперени кон Москва, каде специјалните американски пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер остварија клучна средба со Владимир Путин. Зеленски потврди дека е подготвен за нова лична средба со Трамп, но нагласи дека тоа зависи од успехот на разговорите во Русија. На маса е ставена ажурирана верзија на контроверзниот план од 28 точки, кој првично беше критикуван како премногу поволен за Москва. Додека Украина инсистира на безбедносни гаранции слични на Член 5 од НАТО и одбива територијални отстапки, Путин испрати остра закана до западните партнери: „Доколку Европа одеднаш сака да води војна со нас и ја започне, ние сме подготвени веднаш. Нема сомнеж за тоа“.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








