
Путин со отворена закана до Брисел: „Ако Европа сака војна, Русија е подготвена веднаш!“ – Москва ги отпиша европските лидери како преговарачи
Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на инвестициски форум во Москва, испрати остра и недвосмислена порака до европските престолнини. Иако нагласи дека Русија нема иницијални планови да војува со европските земји, тој предупреди дека доколку Европа одлучи да ја ескалира ситуацијата, Москва е подготвена за конфликт „веднаш“. Путин ја обвини Европа дека целосно ја изгубила „мировната агенда“ и дека преку воената поддршка за Украина застанала на страната на војната, живеејќи во илузија дека може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија. Во застрашувачки тон, тој додаде дека доколку избие војна, „многу брзо може да се дојде до ситуација во која Москва нема со кого да преговара“, алудирајќи на катастрофални последици за европските држави.
„Ќе зборувам само со Трамп“: Разузнавачите предупредуваат на напад врз НАТО до 2029 година
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Путин категорично ги отфрли европските услови за мир како „неприфатливи“ и повтори дека единствената адреса на која Москва сака да преговара е администрацијата на САД и Доналд Трамп, додека европските лидери ги нарече пречка, а Зеленски ирелевантен. Од друга страна, германското разузнавање го вклучи црвениот аларм: анализите покажуваат дека Русија активно создава „опција“ и капацитети за директен напад врз НАТО најдоцна до 2029 година. Европскиот комесар за одбрана, Андриус Кубилиус, искрено призна дека ЕУ во моментов е технички неподготвена за новите форми на хибридно војување и дека итно ѝ недостигаат системи за детекција и уништување на дронови, кои веќе предизвикуваат хаос над европските аеродроми и бази.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








