во ,

Тајната на искусните домаќинки: Како да пржите риба без да ви мириса цела куќа?

Мирисот на риба ви останува со часови по пржењето? Не мора – едно парче овошје во тавата го решава проблемот!

Во сезоната на Божиќните пости, рибата е чест гостин на трпезата, но нејзиниот интензивен мирис често се вовлекува во завесите, облеката и секој агол од домот. За среќа, постои едноставен и природен трик што го користат професионалните домаќинки, а ви треба само една состојка што веројатно веќе ја имате – јаболко. Наместо да купувате скапи освежувачи или да го луфтирате станот со часови на студот, решението лежи во самото масло за пржење.

Како функционира трикот? Јаболкото ги „впива“ масните киселини

Супер Попуст -25%

Постапката е многу лесна: пред да почнете со пржење, исечете неколку тенки кришки јаболко и уфрлете ги во тавата заедно со маслото. Пржете ја рибата вообичаено. Додека се загрева, јаболкото ослободува природни состојки кои ги врзуваат и неутрализираат масните киселини од рибата (главните виновници за непријатниот мирис). Резултатот е фантастичен – мирисот останува „заробен“ во јаболкото, а не во воздухот, притоа не менувајќи го вкусот, бојата или текстурата на рибата. По пржењето, едноставно фрлете го јаболкото.

Дополнителни совети за крцкава риба без мирис:

  • Добро исушете ја рибата: Влажната риба создава повеќе пареа и мирис. Пред да ја валкате во брашно, исушете ја со хартиена салфетка.
  • Не ја преполнувајте тавата: Ако ставите премногу парчиња одеднаш, маслото се лади, рибата се распаѓа и мириса посилно.
  • Трик со оцет: За дополнителен ефект, додека пржите, на друга рингла ставете ѓезве со вода и оцет да врие – пареата ќе ги неутрализира преостанатите мириси.
Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Подготвени сме веднаш!“: Путин со директна закана до Европа ако Брисел продолжи со „воената агенда“

Одбројувањето почна: Уште 48 часа до наводниот „контакт со вонземјани“ што го предвиде Баба Ванга!