во ,

Зимата се враќа на голема врата: Од утре снежна покривка и во пониските места

Внимателно ако патувате утре: Дождот ќе премине во снег, се очекуваат 20 сантиметри снежна покривка

Метеоролозите го вклучија алармот за утрешниот ден (четврток, 8 јануари). По пролетното време за Бадник, следува вистински температурен шок. Славчо Попоски најавува дека поради продорот на ладен воздух од север, дождот ќе прејде во снег дури и во пониските места.

Најкритично во Западна Македонија

Супер Попуст -25%

Циклонската активност ќе донесе обилни врнежи. Додека денес (Божиќ) ќе биде дождливо и ветровито, утре сликата драстично се менува:

  • Снежна покривка: На планините и повисоките места се очекуваат од 10 до 15 сантиметри, а локално и над 20 сантиметри нов снег.
  • Градови: Снег ќе паѓа и во поголемиот дел од градовите, особено во западниот дел на земјата.

Апел до возачите: Ако планирате патување утре, задолжително носете зимска опрема и прилагодете ја брзината, бидејќи коловозите ќе бидат лизгави.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јокиќ во нова улога: Камерите го фатија како црта акции и му диригира на Денвер од клупата

Христос се роди! Православните верници го слават најрадосниот христијански празник