
Додока војната против Техеран влегува во својата петта крвава недела, светот со неверување ги гледа бројките кои пристигнуваат од нафтените пазари. Иран не само што не е економски скршен од американско-израелската агресија, туку во моментов заработува двојно повеќе од својата нафта отколку пред почетокот на бомбардирањата. Оваа шокантна реалност ја отвора дилемата за вистинската цел на воените дејствија, бидејќи наместо парализа, иранската државна каса доживува невиден финансиски бум додека нивните непријатели ги бројат загубите во милијарди.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Ормутскиот Теснец е практично затворен, што ги прекина светските резерви на нафта за цели 15 проценти. Додека арапските монархии во Персискиот Залив гледаат како нивните профити пропаѓаат, Иран успева да пласира рекордни количини црно злато на азиските пазари. Техеран во моментов извезува до 2,8 милиони барели дневно, што е апсолутен рекорд со оглед на воените околности во кои се наоѓа целата држава.
Кинескиот штит и растот на профитите
Повеќе од 90 проценти од иранскиот извоз завршува директно во Кина, каде рафинериите купуваат нафта по цени кои се многу блиску до светскиот рекорд. Иранската нафта веќе не се продава со попуст, туку по високи цени кои му даваат на Техеран финансиска моќ каква што земјата немала со децении наназад. Оваа стратегија целосно ја поништи логиката на сите санкции и на воениот притисок врз нивната економија.
Нафтената индустрија на оваа земја покажа неверојатна способност за брзо прилагодување под постојан оган. Додека западните сили се обидуваат целосно да го изолираат Техеран, тие несвесно ја зголемија цената на нафтата и му овозможија на својот противник огромни воени профити. Прашањето останува отворено – дали бомбардирањето е само залуден обид да се сопре една земја која станува сè побогата под воениот притисок?


