
Страшната судбина што го снајде португалскиот фудбалер Диого Жота го потресе целиот спортски свет.
Поради големата трагедија, се огласи и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси. Тој, како и многу други негови колеги, изрази сочувство за големата загуба.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден

Диого Жота, кој ги бранеше боите на Ливерпул, на само 28 години трагично загина во сообраќајна несреќа. Несреќата се случи во шпанската провинција Замора. Со него, животот го загуби и неговиот роден брат Андре Силва, кој исто така беше фудбалер.
Аргентинскиот фудбалер сподели црно-бела фотографија од настраданиот Жота на социјалната мрежа Инстаграм. Покрај неа, тој кратко напиша: „Почивај во мир“. Овој негов гест предизвика многу реакции.
Браќата загинаа кога нивниот автомобил излетал од патот. Инцидентот се случил ноќта меѓу средата и четвртокот. Автомобилот потоа се запалил. Се сомнева дека причина за несреќата е пукната гума на возилото. Сепак, британските медиуми пишуваат дека органите на редот не ја исклучуваат можноста и за прекумерна брзина.


