во , ,

Колку вределе најпопуларните дела на светските книжевници? Ова е сумата која Достоевски, Толстој и Пушкин ја заработиле

Порталот „Arzamas“ неодамна објавил процена што руските писатели би можеле да си купат од хонорарите кои ги добивале од своите познати дела.

Се докажало дека првите руски професионални писатели заработувале големи суми на пари од своите книжевни дела.

Толстој бил штедлив човек, додека пак Достоевски и Пушкин умееле да ги трошат своите пари на коцкање.

Реклама

Така Фјодор Достоевски за романот „Идиот“ (1868) заработил 7.000 рубљи (во денешно време тоа е 7 милиони современи рубљи или нешто повеќе од 100.000 долари).

За тие пари тој можел да си купи: имот, кочии со четири седишта, десет скапоцени огледала од махагон, 10 комоди, 10 килограми сапун од анасон, 2 буриња, 30 шишиња американски рум, 160 килограми англиско сирење, кожна чанта, шише црно мастило…

Познато е дека Достоевски бил коцкар, па така веројатно ништо од тоа не си купил за себе.

Лав Толстој за романот „Ана Каренина“ (1877) заработил повеќе од својот колега Достоевски.

За 20.000 рубљи (што е приближно 20 милиони денешни рубљи или над 300.000 долари) колкав што му бил хонорарот, тој можел да си купи: куќа во Москва, други имоти, 1000 скапоцени цигари, 30 фотелји од махагон, 2 сабји, 10 килограми свеќи, 4 големи дињи, 60 челични бричеви…

И покрај многуте пари, Толстој бил аскет и не сакал да живее луксузен живот.

Меѓу Достоевски и Толстој се наоѓа Александар Пушкин кој за романот „Евгениј Онегин“ (1833) заработил 12.000 рубљи (тоа денес би биле 10,5 милиони рубљи или 166.000 долари).

Со парите тој можел да си дозволи: 100 модерни кошули, 100 пара модерни ракавици, 80 килограми чај од суви цветови, можел на година дена да изнајми куќа во центарот на Москва, да плати школување за своите деца со дневен престој…

Пушкин, како и Достоевски бил страстен коцкар. Омилената игра му била бриџот, а неговата „коцкарска“ природа го навела и на тоа често да има проблеми со губење во картите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Луѓе ги споделуваат најчудните и најбесмислените работи кои ги виделе некогаш во животот

“Бегај од мојот двор”: Бизарен момент кога жена турнала мечка од ѕидот на својата градина за да ги одбрани кучињата