
Трамп со „телефонска дипломатија“: „Утре ќе завртам еден број и ќе ја запрам војната меѓу Тајланд и Камбоџа“
Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи на митинг во Пенсилванија, најави дека планира лично да интервенира во ескалирачкиот конфликт во Југоисточна Азија. „Мрско ми е да кажам дека повторно изби судир… Утре ќе морам да обавам телефонски повик. Кој друг би можел да каже дека ќе заврти телефон и ќе запре војна меѓу две многу моќни земји?“, самоуверено изјави Трамп. Тој се повика на својот претходен успех од јули оваа година (2025), кога посредуваше за прекин на огнот, иако тој мир се покажа како краток.
Теренска реалност: Тајланд одбива посредници, Камбоџа моли за разговори
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Додека Трамп е уверен во својот успех, ситуацијата на теренот е комплексна. Тајландскиот министер за надворешни работи веќе изјави дека „ситуацијата не е погодна за посредување на трета страна“, што е директна пречка за планот на Трамп. Спротивно на тоа, Камбоџа е „подготвена за разговори во секое време“. Билансот на обновените судири е трагичен: стотици илјади луѓе се евакуирани, загинале 9 цивили во Камбоџа и 4 тајландски војници, а десетици се тешко повредени.


