
Профил на Христијан Мицкоски: Од амфитеатрите на Машински до трет и последен мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ
На вчерашниот Конгрес во Кавадарци, актуелниот премиер Христијан Мицкоски ја потврди својата доминација во партијата, добивајќи трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како единствен кандидат, тој ја доби поддршката од 804 од присутните 817 делегати. Овој реизбор е значаен бидејќи, според партискиот Статут, ова ќе биде неговиот финален мандат, со што Мицкоски стави крај на шпекулациите, најавувајќи дека нема амбиција да го менува Статутот за да владее подолго.
Академска позадина: Доктор по технички науки и професор
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Роден на 29 септември 1977 година во Скопје, Мицкоски има богата академска кариера пред влезот во високата политика. Тој е доктор по технички науки и редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Неговиот пат започнува како проектант во приватниот сектор („Фонко клима“), за во 2002 година да се врати на факултетот, напредувајќи од помлад асистент до вонреден професор во 2014 година. Неговата магистерска тема била „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“, што го дефинира неговиот инженерски профил.
Политички подем: Од советник на Груевски до лидер на партијата
Неговиот посериозен влез во политиката и јавниот сектор започнува во 2016 година како генерален директор на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ), откако претходно (2015-2017) бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Партиската скала ја искачува брзо: од член на комисии и републички изборни штабови, преку генерален секретар во 2017, до преземање на лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес во Валандово во декември 2017 година, во еден од најтешките периоди за партијата. Денес, тој е татко на две деца и актуелен премиер на државата.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден







