
Илинденската коњаница денеска тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче кон Крушево.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Во маршот ќе учествуваат околу 40 коњаници, кои во наредните денови ќе ја минуваат традиционалната рута до градот на Илинденското востание.
Нивното пристигнување во Крушево е планирано за 2 Август, кога во земјава се одбележува големиот државен празник Илинден.
Пет девојки меѓу учесниците
Во годинашниот марш учествуваат и пет девојки, кои заедно со останатите коњаници ќе го продолжат патот кон Крушево.
На 31 јули групата од Горно Лисиче треба да се спои со коњаниците од Свети Николе, Кичево и Битола.
Потоа обединетата коњаница ќе го продолжи маршот кон Крушево, каде ќе биде дел од централното одбележување на празникот.
Традицијата се одржува по 48. пат
Ова е 48. традиционален Илинденски коњички марш, кој секоја година се организира во пресрет на 2 Август.
Организатор на маршот е Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
Со повеќедневното патување, учесниците ја продолжуваат традицијата посветена на илинденците и на историските настани поврзани со Илинденското востание.


