
Ужас во париското метро: Маж со нож избоде три жени на различни станици
Паника ја зафати линијата 3 на париското метро откако маж вооружен со нож нападна три патнички во попладневните часови. Жртвите се здобиле со убодни рани во грбот и бутовите, но за среќа, според полициските извори, се работи за полесни повреди и жените веднаш биле згрижени од пожарникарите. Напаѓачот делувал помеѓу 16:15 и 16:45 часот, движејќи се низ станиците пред да побегне.
Исклучен тероризам: Напаѓачот фатен во својот дом
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
По брзата интервенција, полицијата го лоцирала и уапсила осомничениот во неговиот дом во Сарсел. Станува збор за 25-годишно момче (роден 2000 година) со потекло од Мали. Иако првичниот страв беше голем, истрагата ја исклучи можноста за тероризам, а главната претпоставка на надлежните е дека се работи за лице со нарушено ментално здравје.


