во ,

Средба на годината во Палм Бич: Трамп и Зеленски в недела очи во очи

Очи во очи на Флорида: Трамп и Зеленски седнуваат на маса оваа недела

Белата куќа официјално ги потврди деталите за долгоочекуваната средба: Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во недела, 28 декември, во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида. Средбата доаѓа во момент на засилен притисок, откако Трамп јасно порача дека секој мировен предлог на Киев е „бесмислен“ доколку нема директна согласност од САД.

Дипломатска офанзива: Зеленски се консултираше со НАТО и сојузниците

Супер Попуст -25%

Пред да замине за САД, Зеленски одржа серија разговори со челниците на НАТО, како и со лидерите на Канада, Германија, Финска, Данска и Естонија за да ги координираат ставовите. Иако европските лидери нема да присуствуваат на средбата во Палм Бич, украинскиот претседател се обидува да обезбеди широк фронт на поддршка, и покрај предупредувањата од одредени пратеници во украинската Рада дека средбата со Трамп носи ризици.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вознемирувачко видео го обиколи светот: Израелски војник прегази верник додека се молел

Крваво попладне во Париз: Три жени избодени во метро, напаѓачот уапсен дома