
Ал Шара издаде историски декрет
ДАМАСК – Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара издаде декрет со кој на Курдите им се враќа државјанството и официјално се признава нивниот јазик. Првпат курдскиот индентитет е признат како дел од сириското општество, а курдскиот јазик е прогласен за национален јазик заедно со арапскиот.
Признавањето по жестоките судири во Алепо
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Признавањето на Курдите уследи по минатонеделните жестоки судири помеѓу владините сили и курдските Сириски демократски сили (СДФ) во Алепо, при што загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.
Преговори за интеграција во државните институции
Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигнаа мал напредок.


