во

ЛДП за скандалот „Михајлова“: Државните институции се во целосен крах, криминалците имаат слобода на акција

Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат јавноста, оценувајќи го бегството на Ива Михајлова како доказ за целосно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда.

Осомничена за смртна несреќа третирана како „шоу-ѕвезда“

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Во своето најново соопштение, партијата жестоко го критикува фактот што лице осомничено за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, наместо да се соочи со правдата, успеа да ја напушти државата и сега од странство добива статус на наводна жртва. Од ЛДП ги оценија пораките кои пристигнуваат од Софија како „скандалозни и грозни“, додавајќи дека тие говорат за земја во која постои целосно помрачување на владеењето на правото.

Особено остри критики беа упатени и кон одбраната на Михајлова. Според партијата, нејзиниот адвокат со јавната изјава дека „си ја зеле судбината во свои раце“ извршил кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда, создавајќи „вистинска правна хаварија“.

 

Симптом за нефункционална држава и анархија

Партијата иронично прашува дали воопшто има потреба од судство и министерства кои очигледно не си ја вршат работата, потенцирајќи го апсурдот на македонскиот систем:

  • Постои полиција и гранични служби, но лица со одземени пасоши и забрани за излез слободно ја напуштаат државата.
  • Има безбедносни камери и целосна контрола на власта, но институциите се нефункционална фарса.

„Пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија. Во народот постои огромен бес, кој наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење“, заклучуваат од ЛДП.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп без критики за Москва: „Путин повеќе сака договор отколку Зеленски“

Трамп најавува можна смена: Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, пред разрешување поради скандали