во ,

Македонија започнува евакуација од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најави дека започнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток, поради растечките безбедносни тензии во регионот. Процесот ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, а операцијата е координирана со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.

Супер Попуст -25%

Според планот на МНР, евакуацијата ќе започне денес, а се очекува до средината на следната недела да бидат вратени сите македонски државјани кои изразиле подготвеност да ја напуштат регијата.

Колку граѓани побарале евакуација

Според последните информации од дипломатските претставништва, Амбасадата во Доха била контактирана од околу 150 македонски државјани, од кои 95 побарале евакуација.

Во Обединетите Арапски Емирати ситуацијата е уште поголема по обем. Амбасадата во Абу Даби е во контакт со 585 лица кои престојуваат во земјата.

Дополнително, пријавени се и:
36 лица од Кувајт,
15 лица од Бахреин,
5 лица од Саудиска Арабија.

Организирани чартер-летови

Министерството соопшти дека за евакуацијата е склучен договор со авиокомпанија по спроведена постапка согласно Законот за јавни набавки. Ова, според институцијата, е дел од навремената реакција за заштита на македонските граѓани во регионот.

Точните технички и организациски детали за летовите ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор кој ќе ги реализира чартер-полетувањата.

Апел до граѓаните

Од Министерството за надворешни работи повторно апелираат сите македонски државјани кои се наоѓаат во регионот и имаат потреба од помош да стапат во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва.

Граѓаните можат да се јават на дежурните телефонски броеви на амбасадите или на СОС-бројот на Министерството.

Приоритет, како што велат од институцијата, е безбедно и навремено враќање на македонските државјани во услови на растечки тензии на Блискиот Исток.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп ја нападна Британија, доцна ви е да се приклучувате

Експлозија пред американската амбасада во Осло