
Инженерство од светски ранг и демонстративно возење
MES Racing е првиот и единствен македонски Formula Student тим. Преку своето континуирано учество на меѓународни натпревари, овие млади луѓе достојно ги претставуваат државата, македонското студентско инженерство и огромниот потенцијал на младите стручни кадри. На денешниот настан, тимот детално ги презентираше резултатите од изминатата сезона и сложениот процес на изработка на новиот болид, по што следуваше и атрактивно демонстративно возење.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Посебно значење има мултидисциплинарниот пристап на проектот. Во креирањето на болидот активно учествуваат студенти од различни области кои практично ги применуваат своите знаења од машинството, електротехниката и други сродни дисциплини, функционирајќи како вистински професионален инженерски тим.
Институционална поддршка за младите таленти
На презентацијата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа истакна дека ваквите проекти се најдобар доказ дека Македонија располага со млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени решенија конкурентни на меѓународната сцена.
„Како институции мораме да бидеме поддршка за младите кои создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат“, порача министерката Божиновска.
Во знак на благодарност за досегашната соработка и институционална помош, тимот на MES Racing ѝ врачи специјална благодарница на министерката и на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.


