во ,

МЕНТАЛНА ВОЈНА ИЛИ ФАКТ: Тврдења за пронајдено тело на ајатолахот

Израелски функционери тврдат дека ајатолахот Али Хамнеи е мртов и дека неговото тело било пронајдено, но од Техеран нема официјална потврда

Според изјави за Ројтерс и извештаи на израелски медиуми, телото на врховниот лидер наводно било пронајдено во урнатините на погоден комплекс во Техеран. Сепак, иранските власти засега ги отфрлаат ваквите наводи.

Иран демантира

Супер Попуст -25%

Министерството за надворешни работи на Иран претходно соопшти дека врховниот лидер и претседателот се живи и неповредени. Од канцеларијата на Хамнеи порачаа дека станува збор за „ментална војна“ и повикаа јавноста да не наседнува на непроверени информации.

Кој е Али Хамнеи

Али Хамнеи, роден во 1939 година во Машхад, е врховен лидер на Иран и врховен командант на вооружените сили. Тој има последен збор во клучните политички и безбедносни одлуки и ја контролира Револуционерната гарда. Ситуацијата околу неговиот статус останува нејасна, со спротивставени тврдења од двете страни.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЦИА СО ПРОЦЕНКА: Тврдокорни од Револуционерната гарда би ја презеле власта

НАФТЕН ШОК НА ХОРИЗОНТОТ: WSJ предупредува на драматичен раст на цените