во ,

Мисајловски во Сараево: Регионалната безбедност на маса на состанокот на СЕДМ

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, дел од иницијативата СЕДМ (South East Defence Ministerial).

Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанокот ќе се разговара за клучните безбедносни предизвици на глобално ниво кои влијаат врз целиот регион, како и за идниот развој на процесот во чии рамки функционира и Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).

Посета на македонските мировници во ЕУФОР

Супер Попуст -25%

Во рамките на посетата, министерот Мисајловски ќе ги посети и припадниците на македонската Армија кои даваат придонес во операцијата на Европската Унија „ЕУФОР – АЛТЕА“. Предвидена е и средба со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Флорин-Мариан Барбу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Муцунски во Вилнус: Економска офанзива и барање поддршка за ЕУ од Литванија