во ,

Морничави сцени од вилата на Есма: Крстот од гробот на Стево фрлен на подот, сѐ е искршено!

Сѐ е искршено, среде куќа лежи крстот од гробот на мажот ѝ! Потресни сцени од уништената вила на Есма Реџепова

Супер Попуст -25%

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, која почина пред девет години, на Скопје и на државата им остави грандиозна вила како аманет за хуманост и култура. Меѓутоа, денешната слика е поразителна и болна: објектот е целосно напуштен, брутално ограбен и систематски уништуван. Екипата на „Телеграф“ затекна состојба многу полоша од лани – куќата е без прозорци и влезни врати, сите стакла се искршени, а радијаторите се искорнати од ѕидовите.

Награди во ѓубре и бизарен вандализам

Внатрешноста на објектот, кој требаше да биде Музеј на хуманоста и музиката, наликува на сценографија од хорор филм. Личните работи на Есма, вредни награди, книги и тетратки со ноти се расфрлани по подот меѓу шутот. Можеби најбизарниот и најморничавиот детал што е затекнат е скршениот крст од гробот на нејзиниот покоен сопруг, Стево Теодосиевски, кој вандалите го донеле и го фрлиле среде куќата. Наместо културен центар каде што би се собирале млади таленти, домот на Есма денес е тажен споменик на негрижата и заборавот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зимата ѕирка: Утринава можно провејување на снег, температурите паднаа под нулата!

Црн биланс за 2025: Регистрирани 38 нови случаи на ХИВ и 8 починати во Македонија