
Вселенска мистерија: Телескопот „Џејмс Веб“ откри планета во форма на лимон која не би требало да постои
Астрономите открија еден од најчудните светови во универзумот, оддалечен повеќе од 2.000 светлосни години од Земјата. Научниците од Универзитетот во Чикаго, со помош на моќниот телескоп „Џејмс Веб“, ја забележаа егзопланетата PSR J2322-2650b, која ротира околу брз пулсар. Она што ги шокираше истражувачите е нејзиниот состав – наместо вода и јаглерод диоксид, атмосферата е полна со молекуларен јаглерод, нешто што досега не е видено на ниту една друга планета.
„Злобен лимон“ со пеколни температури
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Поради огромната гравитација на матичната ѕвезда, планетата е растегната и има форма на лимон. Условите таму се пеколни: годината трае само 7,8 часа, а температурите надминуваат 650 степени Целзиусови. Истражувачите ја опишуваат како „злобен лимон“ со темно црвена боја и облаци од графит. Поради своите бизарни карактеристики, оваа планета ги крши сите досегашни модели за формирање на небесните тела и претставува целосна енигма за науката.


