во ,

Најголемото куче во Лондон е толку големо што децата често помислуваат дека е крава

Германската дога Диего е најголемото куче во Лондон. Поради неговата тежина од 95 килограми и висина од 185 центиметри, кога ќе се исправи на задните нозе, не е тешко да се сфати зошто многумина се исплашени од ова куче.

Сопственикот на Диего, Карлос Да Силва вели дека го купил кучето во 2015-та година. Тогаш бил само мало кутре, а Карлос не знаел дека таа одлука ќе му го промени животот. Диего му станал најдобар пријател, кој секојдневно го следи на работа, дури и се вози со него на мотор.

Реклама

„Германските доги се мрзеливи – каде и да одат, мора да седнат. Затоа го ставам во приколката и ужива покрај мене“, рекол неговиот сопственик за “MyLondon”.

Гордиот сопственик вели дека децата често помислуваат дека Диего е крава.

„Тој е всушност нежен џин. Сака да се гали и да одмара. Малку полудува кога ќе намириса храна, но општо е многу добар“, заклучил тој.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Урнебесно: Орангутан со наочари стана хит на интернет

12 Карактеристични ликови кои често ги среќававме во латино сериите