во

Најдобар октомвриски напиток: Ароматичен чај од ѓумбир кој грее и носи вистинско уживање во есенските денови

Со доаѓањето на постудените денови, шолја топол и мирисен чај од свеж ѓумбир е идеалниот избор за уживање, а неговата подготовка трае само неколку минути.

Како се подготвува совршениот чај од ѓумбир?

За основната верзија ви е потребен само свеж корен од ѓумбир и вода, а за побогат вкус можете да додадете цимет, куркума, нана или лимун.

Супер Попуст -25%

Потребни состојки:

  • 1 корен свеж ѓумбир
  • 1 шолја вода
  • Штапич цимет, малку куркума или листови свежа нана
  • Кришка лимон или портокал и мед по желба

Излупете го и исечете го ѓумбирот на тенки кришки, па ставете го во водата да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете го да крчка околу пет минути. Процедете го напитокот, додајте лимон и засладете по желба.

Митови и научни факти за ѓумбирот

Иако ѓумбирот се користи со векови во традиционалната исхрана, стручњаците предупредуваат дека популарните тврдења за „детокс“ ефекти, чистење на црниот дроб или камења во бубрезите немаат доволна научна поткрепа. Чајот треба да го уживате поради неговиот прекрасен вкус и пријатното чувство што го дава, а не како замена за лекување.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тајната на некогашните домаќинки: Како со помош на стар леб и сува сланина да подготвите совршени полнети пиперки?

Официјална посета на Скопје: Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска на средби со државниот врв