во ,

Најубави и најскапи: Пекинезерот Васаби ја понел ласкавата титула, додека австралиски келпи е продаден по рекордна цена

Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, но кога станува збор за изборите за мис, тогаш повеќето се согласуваат дека одредена личност е навистина преубава. Кога станува збор за кучињата, уште потешко е да се донесе одлуката кое е најубаво, така што на судиите на тие натпреварувања воопшто не им е лесно да го одберат победникот.

Се гледаат некои општи работи – на пример, бидејќи станува збор само за чистокрвни кучиња, се бара да бидат во склад со стандардите на расата. За победа, сепак, потребен е факторот X, нешто што кучето го прави посебно.

Пекинезерот Васаби е прогласен за апсолутен победник на едно такво натпреварување – 145-тото издание на најголемиот и најценет светски натпревар за кучешка убавина – “Westminster Kennel Club Dog Show”, кој е одржан на имотот Линдхерст во градот Тери таун во американската сојузна држава Њујорк.

Реклама

Водичот на Васаби, Дејвид Фицпатрик и кучето со сензационално влакно и импресивна способност за допирање на врвот на носот со јазикот, се прошетале самоуверено пред судиите. За жал, не и пред гледачите, бидејќи поради пандемијата нив ги немало.

Васаби е стар три години, а неговиот сопственик смета дека победил не само затоа што се поклопува со стандардите на расата, туку и поради неговиот карактер. Васаби е вистински шоумен, се направил добро, а покрај тоа има и нешто што го разликува од другите кучиња.

Австралиски келпи продаден за рекордни 22.000 евра

Австралиски келпи е продаден на аукција за кучиња по рекордна цена од 19.228 фунти, што е нешто повеќе од 22.000 евра.

Австралискиот чувар на стада (Australian Kelpie), е познат и како австралиски келпи или само келпи. Тоа е овчарско куче од Австралија кое се користи за чување на животни, но и за собирање или насочување на стада. Келпи е куче со среден раст, а крзното може да му биде во разни бои. Овие кучиња е многу интелигентни, енергични и приврзани за сопствениците.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Секојдневни ситници кои можат да ви го уништат и совршениот ден

Неверојатни сцени во Австралија: Милиони пајаци исплеле џиновска мрежа, граѓаните во шок