
Турските власти го привеле новинарот на Дојче Веле во Анкара под обвинение за ширење обманувачки информации
Истражувачкиот новинар Аликан Улудaг, долгогодишен дописник на германскиот меѓународен медиум Дојче Веле, бил приведен од турските власти поради сомнежи за „ширење обманувачки информации“ и „навреда на претседателот“. Информацијата ја пренесе Ројтерс, повикувајќи се на официјални извори.
Истрага по службена должност
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Според соопштението на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул, постапката е покрената по службена должност врз основа на објави на новинарот на социјалната мрежа Икс. Улудaг бил приведен во Анкара, по што бил префрлен во Истанбул за сослушување пред надлежен обвинител.
Претрес и одземена опрема
Од Дојче Веле информираа дека апсењето било извршено пред членовите на неговото семејство. Според нивните податоци, во акцијата учествувале околу 30 полицајци, при што бил извршен претрес на домот и била одземена информатичка опрема. Случајот отвора прашања за правната рамка и медиумските слободи во земјата, додека истрагата е во тек.


