во ,

НОЌЕН УВИД ВО АЕРОДРОМ: Орце порача дека Скопје не смее да чека

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши ноќен увид на реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, најавувајќи дека работите се одвиваат со засилена динамика

Улицата во општина Аеродром е во завршна фаза на реконструкција и претставува една од клучните сообраќајници во овој дел од градот. Според најавите, се работи и дење и ноќе со цел проектот да биде завршен во најкраток можен рок.

Нова инфраструктура на еден километар

Супер Попуст -25%

Проектот опфаќа поставување нов тампон, двослоен асфалт и нови рабници. Во тек е интензивно асфалтирање на тротоарите, изградба на современо улично осветлување и нова атмосферска канализација на делница долга околу еден километар.

Најава за поголема обнова

Ѓорѓиевски истакна дека ова е само почеток на поширока инфраструктурна обнова низ Скопје. Тој најави рамномерно инвестирање во сите делови од градот со цел подобрување на условите за живот и безбедноста во сообраќајот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОД ТЕТОВО ДО БЛАТО: Затворања и забрани поради посетата на Бегај

ИТЕН АПЕЛ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИЗРАЕЛ: Воздушниот простор затворен