
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и исклучително топло, придружено со мала до умерена локална облачност и слаб северен ветер. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната дневна температура ќе се искачи во интервалот од 30 до 38 степени. Сепак, во попладневните часови, особено во планинските региони, се очекува дестабилизација на атмосферата која ќе создаде услови за пороен дожд, силни грмежи и засилен ветер. Граѓаните кои викендот го поминуваат на повисоките места треба да бидат внимателни поради можните попладневни невремиња.
Скопје гори на 38 степени, се препорачува заштита од сонцето
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Во главниот град Скопје не очекува слично временско сценарио. Ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 19 степени, но во текот на денот живата во термометарот ќе достигне пеколни 38 степени. Медицинските стручњаци апелираат на редовна хидратација и избегнување на директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.
Топлиот бран носи „тропски ноќи“ и продолжува следната недела
Топлата воздушна маса која продира од југ ќе го задржи своето силно влијание врз нашата земја сè до средината на следната седмица. Синоптичарите прогнозираат стабилно, сончево и многу топло време, со дневни температури кои насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели од државата ќе достигнат и до 39 степени. Она што е особено исцрпувачко за организмот при овој топлотен бран се високите температури кои ќе се задржат дури и во текот на ноќните часови.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








