
Процесот за избор на нов државен јавен обвинител влегува во завршна фаза, откако на конкурсот досега се пријавија пет кандидати.
Огласот што го распиша Собранието на Република Северна Македонија истече ноќеска на полноќ, а според информациите од собраниската прес-служба, досега се евидентирани пет кандидатури. Сепак, листата сè уште не е конечна, бидејќи ќе се почекаат уште два до три дена за евентуални пријави што навремено биле испратени по пошта, но сè уште не пристигнале.
Меѓу пријавените има обвинители, судии и поранешни носители на високи судски функции.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Иако официјално имињата не се објавени од Собранието, дел од кандидатите јавно ја потврдија својата кандидатура. Станува збор за актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ.
Неколку кандидати веќе ја потврдија пријавата пред јавноста.
Судијата Савевски и обвинителката Раичевиќ за МИА потврдија дека аплицирале, додека позитивна изјава дадоа и Ристовска и Тополова-Исајловска. Владимир Панчевски, пак, уште на 21 јануари ја поднел својата пријава до Собранието, наведувајќи дека ги исполнува сите законски услови, со целосна документација согласно Законот за Јавното обвинителство.
Еден најавен кандидат се откажа пред истекот на рокот.
Поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулах претходно најави кандидатура, но подоцна се повлече од трката, па неговото име не се најде меѓу официјално пријавените.
Постапката продолжува со вклучување на Владата и Советот на јавни обвинители.
Согласно законската процедура, пријавите ќе бидат доставени до Владата, која ќе побара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку ниту еден кандидат не добие позитивна оценка, ќе се распише нов оглас. Новиот државен јавен обвинител ќе биде избран во Собранието со најмалку 61 глас.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








