
Солзи во Брисел: 11-годишниот Роман го расплака Европскиот парламент раскажувајќи како ја загубил мајка си
Во Европскиот парламент во Брисел се случи ретко виден емотивен момент. За време на говорот на 11-годишното украинско момче Роман Олексиев, дури и официјалната преведувачка не можеше да ги задржи солзите и заплака преведувајќи ги неговите зборови. Роман е преживеан од страотниот руски ракетен напад во Вињица во 2022 година, каде што ја загубил својата мајка.
„Ја допрев нејзината коса за да се збогувам“
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Роман, кој тогаш имал само 7 години, раскажа морничави детали од денот на нападот (14 јули 2022):
„Таму паднаа три руски ракети. Тоа беше последниот пат кога ја видов мајка ми… Можев да ја допрам нејзината коса и да се збогувам со неа додека беше под урнатините.“
Медицинско чудо: Од 100 дена кома до танцување
Today at the European Parliament, people couldn’t hold back tears as 11-year-old Roman Oleksiv described surviving russia’s July 14, 2022 strike on Vinnytsia.
russia destroys children.
Ukrainian kids are forced to inspire an indifferent world instead of simply living. pic.twitter.com/vyencR44ep— UAVoyager🇺🇦 (@NAFOvoyager) December 10, 2025
Приказната за опстанокот на Роман е рамна на чудо. Неговата состојба по нападот била критична:
- Имал изгореници на 45% од телото, толку длабоки што стигнале до коските.
- Поминал повеќе од 100 дена во кома.
- Преживеал 35 операции (вклучително и во специјализирана клиника во Дрезден).
Иако лекарите стравувале дека никогаш повеќе нема да оди, Роман денес повторно оди на училиште во Лавов, свири бајан (вид хармоника) и се врати на својата најголема љубов – танцувањето во парови.
Документарецот „Ромчик“
Неговата борба е овековечена во наградуваниот документарен филм „Ромчик“, изработен од студенти на Универзитетот во Лондон. Филмот го освои светот, а Роман лично му го покажал и на Папата. Неговата порака до европратениците беше јасна: „Никогаш, ама баш никогаш не смеете да се откажувате.“
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








