
Облаци и тивко време ќе го обележат денешниот ден во Македонија, со температури кои ќе се движат до 16 степени. Според прогнозата на УХМР, времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта се очекуваат услови за слаби врнежи од дожд.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Утринските температури ќе бидат релативно ниски за овој период од годината и ќе се движат од -1 до 4 степени, додека дневните вредности ќе достигнат од 12 до 16 степени.
Какво време го очекува Скопје
Во Скопје денот ќе започне со претежно облачно небо, но на моменти ќе има и краткотрајни сончеви периоди. Во текот на денот постојат услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб променлив ветер, а температурите во главниот град ќе се движат од утрински 4 степени до околу 16 степени во текот на денот.
Какво време следува во наредните денови
Според прогнозите на УХМР, во понеделник претпладне ќе се задржи променливо облачно време со можност за слаби локални врнежи.
Од вторник се очекува постепена стабилизација на времето. Во поголем дел од земјата ќе преовладува мирно и стабилно време, но во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на магла.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








