
Пеколот во Кран-Монтана: Идентификувани првите 11 жртви, преживеаните се непрепознатливи под завоите
Тагата во Швајцарија се продлабочува. Полицијата потврди дека се идентификувани првите 11 жртви од вкупно 40-те загинати во барот „Ле Констелејшн“. Станува збор за млади луѓе на возраст од 16 до 24 години. Но, вистинскиот ужас го опишуваат лекарите – дел од преживеаните се во толку тешка состојба што нивните семејства се уште не знаат дали се живи.
„Лицата им се целосно преврзани, не зборуваат“
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Гвидо Бертоласо, здравствен службеник од Ломбардија, ја опиша страшната реалност: „Идентификацијата е исклучително тешка. Лицата на повредените се целосно под завои кои не смееме да ги тргнеме. Тие се интубирани и не можат да зборуваат за да кажат кои се“. Додека Германија прими 11 тешко повредени на лекување, Швајцарија прогласи Ден на жалост на 9 јануари. Истрагата потврди: кобниот пожар бил предизвикан од прскалки на шампањ кои го запалиле таванот.


