
Внимание патници: Евзони затворен попладнево од 17 до 21 часот!
Лоши вести за сите што планираат враќање од Грција или патување кон југ денес (недела). По кратката празнична пауза, грчките земјоделци повторно ја активираат механизацијата. Граничниот премин Евзони ќе биде целосно блокиран за сите видови возила (влез и излез) во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време.
Тензии во Кукуш: Фрлаа сено и памук пред канцеларија на политичар
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Револтот ескалираше откако потпретседателот на грчкиот парламент, Јоргос Георгадас, одбил средба со демонстрантите во Кукуш (Килкис). Како одговор, земјоделците истурија сено и памук пред неговата канцеларија. Синдикатите најавуваат дека доколку Владата не попушти, блокадите на клучниот премин кон Македонија ќе станат секојдневие во наредните денови.


