во ,

Се гради Фемарнбелт: Подводниот мега-тунел меѓу Данска и Германија вреден 8 милијарди евра

Тунелот Фемарнбелт во Балтичкото Море, меѓу Данска и Германија, се гради како најдолга подводна патно-железничка врска во Европа, со инвестиција од околу 8 милијарди евра.

Проектот ќе поврзе 18 километри меѓу данскиот остров Лоланд и германскиот Фемарн, со две коловозни ленти по правец и двоколосечна железница. Наместо класично дупчење, тунелот се изведува како „потопен“ објект: префабрикувани бетонски сегменти се поставуваат на морското дно.

Технологија, логистика и европско значење

Супер Попуст -25%

ЕУ учествува со 1,3 милијарди евра преку TEN-T, додека данската државна компанија „Фемерн“ е клучен носител на реализацијата. На германската страна, работното пристаниште во Путгарден веќе има проток од над 500.000 тони суровини (цемент, песок, чакал и камен), што го намалува камионскиот сообраќај на островот Фемарн.

Сегменти од 73.000 тони и можни пролонгирања

Тунелот е предвиден да се состави од 79 сегменти, секој долг околу 217 метри и тежок приближно 73.000 тони. Во 2025 година се посочија тешкотии поврзани со специјалниот брод „IVY“, неопходен за поставување на сегментите, поради доцнења во тестирања и сертификација, што може да го помести рокот за пуштање по планираната 2029 година.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Променливо облачно со магла наутро: Температури до 12 степени

Бекутан влегува во Лидл Франција: Македонскиот детски крем во речиси 2.000 продавници