во , ,

Се пофалил на ТикТок, па го откриле: Во својата вила чувал лав како домашно милениче!

Властите во Камбоџа заплениле мажјак лав, кој бил чуван како домашно милениче во една приватна вила во Пном Пен.

Мажјакот стар 18 месеци и тежок 70 килограми, бил увезен од странство од страна на сопственикот, кинески државјанин, за да биде одгледан во неговиот дом, соопштил портпаролот на Министерството за животна средина Нет Феакра.

Реклама

„Нашите власти започнаа истрага за овој случај, непосредно откако кон крајот на април на социјалната мрежа ТикТок беше објавена снимка со ова диво животно. Сопственикот го чувал како домашно милениче во својата вила во главниот град на Камбоџа“, рекол Феакра и повторил дека не е дозволено да се чуват ретки животни како домашни миленици.

Гардијан“ пренесува дека властите ја преместиле големата мачка во центарот за спасување на диви животни Пном Тамао, на периферијата на главниот град.

Конфискацијата се случува еден ден откако корисник на Твитер објави снимка од животното додека шета низ градината во богатата област Боунг Кенг Канг во Пном Пен.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кавгата на Новак и Јелена пред камерата ја виде цел свет…

23 Чудни фотографии кои сигурно ќе ве изненадат и ќе се запрашате како е можно